Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“

144

Македонскиот народен театар и Wonderland
Theatre со претставата „Работи за кои не
зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, од 30 ноември до 27 декември патуваат на балканско-европска турнеја.
Гостувањата започнуваат со Р Србија, во
Центарот за културна деконтаминација,
Белград. Еден од атрибутите на ЦЗКД, е способноста за брзо реагирање на актуелните општествени феномени, при што ги артикулира одговорите на проблемите и прашањата што се појавуваат секојдневно, односно проблемите со кои се занимава и претставата.
По изведбата во Белград „Работи за кои
не зборуваме“ ќе гостува во Народниот
театар, Битола, а потоа следи патувањето во Р Полска и театарот во Радом (Teatr Powszechny Im. Jana Kochanowskiego). Театарот опфаќа многу широк спектар на оригинални изведби, класични дела изведени во традиционална и помодерна
форма, мјузикли, интимни современи претстави, наслови наменети за младата публика како и андерграунд-сцената која е посветена на современата драматургија, како и на оригиналните и експериментални перформанси.
Кон втората половина на декември претставата ќе се одигра на фестивалот Денови на Јурислав Корениќ во Камерен театар 55 Сараево, Босна и Херцеговина, а актерската екипа: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара
Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола
Настоски, патувањето го завршува во
нашата земја со гостувањето во Народниот театар „Ацо Шопов“ во Штип. „Работи за кои не зборуваме“ е креирана според вистински приказни и сведоштва на актерите, како и на интимни животни искуства на разни лица. Изобилува со многу емоции кои произлегуваат од самиот текст, а поединецот слоевито ги препознава стравовите, тагата, болката, траумите и празнините на сопствената душа.
Претставата носи силна порака за сите премолчени животни премрежја, трауми и трага по суровата вистина од која сите ние многу често се плашиме.
Премиерно беше изведена на 16 октомври и за краток период ја освои театарската публика.

Мила Анѓелковиќ

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.