Гала француска вечер со премиерата на филмот „Франс“

124

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Младинскиот културен центар и со поддршката на Зегин, организира гала филмска вечер со премиерата на „Франс“ (2021) на Бруно Димон, со Леа Сејду, Бланш Гарден, Бенжамен Бјоле, в среда, 1 декември 2021, со почеток во 20 часот, во кино „Милениум“.
„Франс“ е портрет на младата Франс, жена, а воедно и телевизиска новинарка, Французинка која му припаѓа на цел еден изграден систем, оној на медиумите.
Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.
Филмот е со превод на македонски јазик.
За да присуствувате на гала филмската вечер, да резервирате бесплатни билети на следната мејл адреса: [email protected]
Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.
Официјален плакат за филмот и официјална покана во прилог на мејлот.
_Критики за филмот во француските медиуми:_
„Бруно Димон и’ подарува можност заодлична филмска улога на Леа Сејду, жена уништена од светот на медиумите во којшто таа самата се затворила.“ (_Le Monde_)
„Комплексниот приод на Димон умее на еден неприкосновен начин да ги прикаже убавината, светлината и чистотата онаму каде се најпотребни.“ (_Les Inrockuptibles_)
„Со филмот „Франс“, Бруно Димон реализира една остра и виртуозно направена сатира на денешниот свет преку ликот на популарна новинарка на канал за вести, во маестрална изведба на Леа Сејду.“ (_La Croix_)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.