Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија

8

Театар Комедија е дел од иницијативата „Театрите поблиску до публиката“ на Министерството за култура. Одбележувајќи го светскиот ден на театарот, покрај веќе планираната програма и премиера, ве покануваме на 6 април (сабота) на претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ. Изведбата е закажана во 20 часот.

Автор на текстот е Мартин Мекдона (1970), препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.

Играат:

Сергеј Димоски – МИК ДАУД

Елена Кузманов – МЕРИЏОНИ РАФЕРТИ

Виктор Арсов – МАРТИН ХЕНЛОН

Тони Денковски – ТОМАС ХЕНЛОН

Резервација и подигнување на бесплатните билети ќе се реализира преку билетарницата на Театар Комедија. Работно време на билетарница од понеделник до петок од 9-20 часот и 13 – 20  часот во сабота.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.