МНТ со гратис билети за „Силјан Штркот шанца“ 

10

Македонскиот народен театар, по повод 27 март, 2024 година,  светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Станува збор за детско- младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.
Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.
Повелете во театар!- покануваат од НУ Македонски народен театар

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.