Библиотеката во Охрид ќе го чествува Патронот на Градот Свети Климент Охридски

20

Во рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Утре во 12.00 часот во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бидат прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
За нивниот творечки и животен пат ќе зборува м-р Димитар Смилески а за содржината и пораките од стихозбирката „Зелената месечина во очите на мајка ми “ од д-р Целакоски ќе се осврне писателот Смиле Наумоски – Брсјак.
оведна реч во чест на празникот ќе одржи директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски а прв јавен настап ќе има новиот детски хор „Бамбино“ под раководство на Снежана Караџовска – Попова од Охрид.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.