Црнила remix, утревечер повторно на сцената во МКЦ

1179

Утревечер, 16.04 од 19 часот на сцената на Кино Фросина ќе бид еизведена претставата Црнила remix. Таа е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на Зад Аголот нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата.

Идеја и режија: Јордан Симонов
Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“)

Улоги:
Луков – Стефан Вујисиќ
Фезлиев – Александар Михајловски Хонда
Иван – Владимир Петровиќ

Методи – Горан Ников
Младичот – Ненад Анѓелковиќ
Неда – Сања Арсовска
Христов – Павле Димковски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.