Денес, во Народниот театар- Гевгелија, аудиција за актери

67
Во рамките на Програмата за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а за поставување театарска претстава од сопствена продукција, Домот објави повик за пријава на професионални актери, актери аматери и љубители на театарот за учество на аудиција, која ќе се одржи денес (19 април,
2023 година), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.
 Се работи за поставување на театарската претстава „Bad сарма“, чиј автор на драмскиот текст е Стефан Марковски, а ќе ја режира струмичкиот актер и режисер, Васил Михаил.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.