Традиција, јубилеи, промоции и концерти оваа недела во КИЦ Битола

25
19 април 2023
Постпразнично и динамично во КИЦ Битола.
Синоќа (18.04) во Свечената сала на Офицерски дом, КИЦ Битола, битолчани уживаа во изведбата на членовите на најстарото културно- уметничко друштво во Битола и едно од најеминентните во Македонија КУД „Илинден“.
На програмата беа градски обичаи и перформанси насловени „Ала турка, ала франга“, дел од битолската конзулска културна традиција.Претставува вистинска реткост и уживање да се проследат танците, обиаите, манирите и костимите од тоа време, да се доживее одново духот на конзулска Битола. Не случајни КУД Илинден ги нарекуваат „чувари на традицијата“.

Денеска пак Офицерскиот дом- КИЦ Битола е домаќина на прославата по повод одбележување на 100 години од основањето на општинското економско средно училиште „Јане Сандански“.
Соработката со Македонското научно друштво со кои неодамна КИЦ Битола  потпиша меморандум за соработка, отвора пат за нови проекти и настани од областа на култрата, образованието и науката.
Веќе овој Петок 21 април,  во Офицерскиот дом, со почеток во 18.00 часот. промоција на два универзитетски учебници, значајно за научната мисла и процесот на високо образоване на Факултетот за учители во  Битола, при Универзиетот Св.Климент Охридски.
Програмската седмица ја заокружуваме со настан на КИД Илинен кои во рамките на детскиот фолклорен фестивал „ Весел Петок“, ќе организира јавен концертен настап на инструменталистите од проектот„Изучување на традиционални инструменти од битолско поле“ заедно со детскиот фоклорен ансамбал на КУД „Илинден“ Битола.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.