Со манифестацијата “Две во едно” се славеше Денот на Власите 

12

“Две во едно” беше насловен настанот со која свечено се одбележа Денот на Власите и празникот Свети Кирил и Методиј, а се одржа на 23 Мај 2024 година во Домот на културата “Кочо Рацин”, Ко-Ра.

Темата на манифестацијата беше прослава на два празника, два јазика, две мајки, две презентации.

Аплаузот и насмевката на присутните беа доказ за нивното уживање во оваа манифестација, на која се испреплетуваа музика, песна, рецитации, на влашки и на македонски јазик.

 

Пред присутните претставени беа две книги со научна тематика, од Проф. М-р Ванга Радевска и најавена новата книга со научна поезија “Примабалерина” од Оливера Јовановска, во која станува збор за поезија посветена на децата со одредени пречки.

 

 

Учествуваа и повеќе гости и посетители на овој настан, а главниот шмек го дадоа младите поети и рецитатори.

Гости беа и Претседателот на Партијата на Власите Г-дин Стерија Костов и Хорот на Власите “Gramostenji”.

Беше прочитана поезија на Влашки јазик “HARAU” – Радост од авторката Ванѓа Радевска и други песни, како и поезија “Аманет Илинденски” посветена на Питу Гули и неговата чета, на Свети Кирил и Методиј, но доминираа песни посветени на самата организаторка Радевска, опеана како мудра и дарежлива жена.

 

Манифестација “Две во едно” беше организирана од Проф.д-р Ванѓа Радевска, која, на сите им подари благодарници и ги почести со ликер од коприви, трендафил и смокви.

Претседателката на Здружението на просветни работници на Град Скопје Катерина Сирма Митковска официјално го честиташе празникот со своја творба, а како поетеса во контекст на негување на традицијата на заедништво ги сподели влашките поуките:

1. Придржувајте се кон родниот закон. Почитувајте ги своите обичаи. Мајчиниот јазик незаборавајте го и живејте со мнозинството. Зошто уште во Епир е речено: Законот владее во срцето, но интересот со умот.

2. Однесувајте се скромно. Облекувајте се уредно и ненаметливо, држете чисто, однесувајте се скромно, истерувајќи ја од срцето големата болест на грчкиот етнос – надменоста. Надменоста раѓа завист. Зошто во Епир е речено: Суетата е најскапа работа на светот.

3. Книги читајте, јазици учете.

Книги читајте, владејте јазици, тежнејте кон знаење. Зошто уште во Епир е речено: Богатството е за потомство, а твое е само сознанието.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.