Емир Рамиќ и Зеќир Рамчиловиќ бараат јавно извинување од авторката Лидија Димковска

228
  1. 10. 2021.

(Барање за јавно извинување од авторката заради негирање на Геноцидот во Сребреница)

Јавен одговор кон Лидија Димковска, авторка на текст „Југославија во мојот живот, мојот живот во Југославија во 10 точки”, објавен на 27. 10. 2021. година на порталот: Nomad.ba

https://nomad.ba/dimkovska-jugoslavija-u-mom-zivotu-moj-zivot-u-jugoslaviji-u-10-tacaka

Помеѓу останатото авторката во текстот пишува: „Во Стразбур 1995 година, некаде во времето на масакрот во Сребреница, се случи чудно собирање на кое бев повикана заедно со други млади Југословени, родени во седумдесетите.“

Употребата на несоодветниот збор „масакр“ означува негирање на геноцидот во Сребреница. Бидејќи во Сребреница не беше масакр. Во Сребреница беше геноцид. Геноцидот во Сребреница не е работа на нечие мислење. Тоа е судски докажан и признаен факт на Меѓународниот суд за правда и Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

Употребата на зборот масакр го негира судскиот, научниот и историскиот факт за единствениот правно докажан геноцид по Холокаустот во Европа. Негирање на геноцидот ја блокира можноста за правда, вистина и закрепнување, ја негира иднината за преживенаите жртви. Негирање на геноциодт и српскиот национализам, кој се до сега не бил казнуван, се покажаа како отровна комбинација која ја создаде новата фаза во негирањето на геноцидот позната како триумфализам: со триумфализмот се слават геноцидните ѕверства.

Негирањето и трумфализмот го негираат и човековото право на жртвите за вистината, особено правото на оние кои остатоците на своите сакани сеуште ги немаат пронајдено или сеуште не се идентификувани. Негирањето и триумфализмот, за преживеаните претставува закана за идните генерации. Преживеаните, од кои многумина се во подоцнежни години не заслужуваат нови трауми на психолошка тортура на негирање и триумфализам.

Обидите за негирање или релативизација на геноцидот во Сребреница треба да бидат забранети. Целта на негирањето на геноцидот е обид да се промени содржината на историските факти за агресијата врз РБиХ. Нападите врз вистината и правдата особено беа интензивирани во време кога од фазата на негирање и релативизација на геноцидот и масовните злосторства во БиХ се премина во фаза на нивна глорификација. Станува збор за невидено иживување врз преживеаните жртви од агресијата и геноцидот.

Им порачуваме на негаторите на геноцидот дека БиХ никогаш нема да стане човечка пустина поставена врз масовните гробници на жртвите кои антибосанската коалиција ќе ги обликува според своите потреби и за своите националистички цели.

Бараме од авторката Лидија Димковска јавно да им се извини на жртвите од геноцидот во Сребреница, особено на Мајките од Сребреница. Тоа е минимум хуманост што авторката треба јавно да го покаже.

 

Д-р Емир Рамиќ

Директор на Институот за истражување на геноцидот Канада

Д-р Зеќир Рамчиловиќ

Пратеник од редот на бошњачкиот народ во Собранието на Република Северна Македонија

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.