„Фамилијата“ е во кината

32
Април, 2023 година
Швајцарската драма „Фамилијата“ која се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева од денес се прикажува во домашните киносали. Филмот, во режија на Фред Баилиф, денеска се прикажува во Домот на култура во Свети Николе и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, од каде продолжува низ другите градови и тоа во Центарот за култура- Битола (сабота), Центарот за култура „АСНОМ“- Гостивар (2 мај), кино „Милениум“ и Центарот за култура „Иван Мазов Климе“ – Кавадарци (4 мај), Дом на културата во Македонски брод (18 мај), Кинотека на Македонија (25 мај).
Поранешниот швајцарски социјален работник и самоук режисер Фред Баилиф го развивал филмот во период од две години со тинејџерките и социјалните работници од домот. Седум девојки живеат под ист покрив, но не се избрале една со друга, исто како семејство. Доаѓајќи од тешки средини, овде во сигурната куќа, девојките наоѓаат нова заедница, на начин што никогаш порано не го доживеале. Тие споделуваат радост и болка, заедно се бунтуваат против недостатоците на
нивното опкружување – темпераментите на младите жени се различни, нивната желба за живот е голема, нивното место во општеството е премногу несигурно за работите да бидат мирни и хармонични. Директорката на домот Лора е секогаш тука за нив кога им треба. Или е обратно?
Филмот бил создаден во тесна соработка со младите актерки, кои биле вклучени во развојот на нивните ликови. „Фамилијата“ ја открива несовршеноста на системот за заштита на младите, како и кревкоста на општествените структури и прашањето што всушност би можело да значи да се биде дел од семејство.
Дистрибутер е „Катавеј“ од Скопје, адистрибуцијата е помогната од швајцарската федерална влада и „Свис филмс“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.