ФДУ- Душан Пернат, човек што со театарот го обиколи целиот свет

8

Душан Пернат е театарскиот продуцент и организатор кој повеќе од четири децении работи како менаџер за меѓународни турнеи во „Словененско младинско гледалишче“. Со повеќе од шестотини турнеи во повеќе од триесет земји, во кои беа поставени повеќе од осумдесет претстави, тој значително го оформи меѓународниот идентитет на „Младинско“ и го стави словенечкото театарско творештво на меѓународната мапа.

Разговорот со Душан Пернат, кој ќе зборува за неговите исклучително богати и интересни искуства и различните предизвици на често занемарената професија театарски продуцент, ќе го води Тања Дешко, театарски продуцент, управител на АРТАКТУМ, поранешен раководител на меѓународниот департмент во московскиот театар „Мастерскаја Пјотр Фоменко“. Средбата е закажана за денес, 17 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности Скопје.

20:00 Театар комедија – „Слугинки“

Бунтот и крикот на младата генерација, која се соочува со низа проблеми и конфликти меѓу луѓето во време кога светскиот капитал е репер за моќ е основниата движека сила на „Слугинки“. Текстот на Жан Жане преку апсурдот го демонстрира самоволието на класните ознаки и вистинската борба на класната нееднаквост.
Слугинки е олицетворение на илузијата во функција на реакција против авторитетите каде што сестрите Соланж и Клер – слугинки на Мадам, преку играње улоги ги демонстрираат сопствените фрустрации и болки од потиснатоста на авторитетите.
Воедно, со инспирација од турскиот традиционален театар наречен „ортаојун“ во претставата ќе се користат кореографии и музика, кои ќе имаат голема улога во стилот на преставата, која може да се класифицира и како физички театар.

Режија: Сибел Абдиу

Играат: Селпин Керим, Џенап Самет, Дин Ибрахим

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.