„Ех, таа серенада“ премиерно на МРТВ ова недела

41

Премиерното емитување на снимка од Фестивалот на староградска музика„ Ех, таа серенада“ во Битола на првата програма на Македонската радио телевизија , оваа Недела 12.11.2023 со почеток во 11.50 часот. Да потсетиме битолчани имаа можност да уживаат во 16 композиции од познати автори и уште толку попознати изведувачи, придружувани од Камерниот оркестар на Битола.
Организаторот на оваа манифестација е установата за култура КИЦ Битола, со поддршка на Општина Битола. Целта на оваа манифестација е да се врати традицијата на серенада како белег на Битола низ минатото и да се продуцираат нови, квалитетни македонски авторски композиции од овој жанр. КИЦ Битола веќе го подготвува наредното издание на „Ах таа серенада“ 2024 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.