„Гала оперски концерт“ со ансамблот на МОБ на Охридско лето

639

Македонската опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со „Гала оперски концерт“ на 15.7.2019 со почеток во 21 часот, во предворието на црквата Св. Софија – Охрид.

Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на МОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска, концерт мајстор е Климент Тодорски.

 

На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Македонската опера и балет. Впрочем, првиот настан на „Охридско лето“ на 4 август во далечната 1961 год. е солистичкиот концерт на нашата оперска Примадона Aна Липша – Тофовиќ – мецосопран.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.