Гевгелија: Конкурси за расказ на слободна тема, есеи на теми- 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

16

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ќе го одбележи Месецот на книгата. По тој повод, распиша Конкурси за: расказ на слободна тема, есеи на теми- 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Го разбирам светот како поле за… и дизајн за корица од книга, исто така, на слободна тема. На Конкурсите, можат да учествуваат учениците од основните и средното училиште во Гевгелија.
Текстовите и цртежите треба да бидат потпишани со шифра. Како што е наведено во Конкурсите, текстовите треба да се достават по е-пошта, на официјалната е-маил адреса на Библиотеката- [email protected], додека цртежите- или во просториите на Библиотеката или по пошта, на адресата „Васо Карајанов“ бр. 1, со назнака: „За Конкурс за корица од книга“.
Крајниот рок за доставување на творбите е 30 ноември, 2022 година.Најдобрите раскази, есеи и цртежи ќе бидат наградени, а резултатите ќе бидат објавени на официјалниот Фејсбук- профил на Библиотеката.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.