Излезе новиот број на „Гевгелиски магазин“

71

Излезе новото издание на општинското гласило „Гевгелиски магазин“. Февруарскиот број на месечникот содржи информации за активностите на органите на Општина Гевгелија со посебен фокус на буџетските остварувања во 2022 година, како и активностите за промоција на туристичките потенцијали- за учеството на Општина Гевгелија на годинашниот 44. Саем за туризам во Белград. Магазинот донесува посебен прилог за новиот формиран „Гевгелија Точак Клуб“ и разговор со претседателот Венци Ристов, како и досега непознати факти од историската книга на Златко Трајков, која се подготвува со осврт за периодот од антиката до денес.
Во 99. издание на „Гевгелиски магазин“ се опфатени и активностите на младите, на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, како и информации за културните и спортските случувања во градот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.