КУД „Браќа Толеви“ одржа фолклорен концерт

17

Гевгелија, 23.03.2023

Неодамна КУД „Браќа Толеви“- Прдејци го одржа својот Фолклорен концерт: „Традицијата продолжува“ со настапите на младинците, како и ветераните членови на друштвото, на сцената во Младинскиот дом во Прдејци.
Фолклорниот концерт беше збогатен и со учеството на КУД „Негорци“- Негорци и почесните гости од
Република Србија, КУД „Батајница“- Батајница, кои пред многубројната публика ја презентираа со игра и песна љубовта кон традицијата и обичаите од различните краеви на Македонија и Србија.
Имено, со Концертот се одбележа 10-годишната соработка на КУД „Браќа Толеви“ со КУД „Батајница“- Р. Србија.
Овој Концерт е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансиска поддршка на проекти и програми од областа на културата за 2023 година, за кој КУД „Браќа Толеви“ со уште неколку проекти аплицираше на Јавниот повик.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.