Канскиот фестивал со поинаков формат на годинешното издание

696

Канскиот филмски фестивал, еден од најголемите во светот, првично требаше да се одржи од 12 до 23 мај оваа година, но за жал ова издание нема да го има својот оригинален формат поради коронавирусот, соопштија во вторникот организаторите, пренесува „Ројтерс“.

„Фестивалот сепак ќе биде вистински на еден или на друг начин“, додаваат тие во соопштението. Но, едно е сигурно дека скалите на влезот нема да ја имаат оригиналната гламурозна атмосфера ,ниту пак филмскиот свет оваа година ќе има можност да се појави на едно место.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.