Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда!

12

Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје.

***

Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје кое е под мотото „Најдоброто од Франција“, покануваат на интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели денес и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар.

Средбата ќе се одржи во среда, 19 јуни 2024, во 19 часот, во просториите на Еurope House и ќе се одвива со превод на македонски јазик.

Романот „Бусола“, за којшто тој ја доби оваа најпрестижна француска книжевна награда во 2015 година, е објавен од „Антолог“, во превод на Владо Ефтимов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.