Концерт “ Балетски бисери ” во Македонската опера и балет

335

Националната опера и балет на 29.1.2021 (петок) со почеток во 20 часот Ви го најавува балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“, кој ќе ги опфати најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Билетите се во строго ограничен број.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.