Канскиот фестивал 2021 ќе се одржи од 6-17 јули

388

Канскиот филмски фестивал, кој минатата година  беше откажан поради пандемијата на ковид-19, годинава го поместува вообичаениот термин од мај во јули, со надеж дека ќе може да се одржи со публика и гости. Фестивалот објави дека ќе се одржи од 6 до 17 јули а организаторот е решен фестивалот да се одржи иако сеуште не е објавен форматот на одржување.

За време на пандемијата, славната фестивалска палата се користеше за третман и хоспитализација на ковид пациенти, а од неодамна и како центар за вакцинација.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.