Летно работно време на НУ Библиотека “Григор Прличев” “

60

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември годинава ќе работи во една смена од 08. 30 до 16. 30 часот.

Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.

Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9. 30 до 14 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15 часот.

Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.