Украинскиот филм “Бобот” за крај на “Џифони филмски денови”

17

Украинскиот детски филм „Бобот“во режија на Макс Ксјонда, ќе биде последниот  од програмата „Џифони филмски денови“, што ќе се прикаже в сабота (11 јуни) во 10 часот во Кинотеката.

Фулмо зборува  за 12-годишниот сонувач Влад, кој многу сака да им раскажува фантастични приказни на своите другари во летниот камп, иако и самиот е по малку плашливо дете.  Тој случајно ќе се најде во конфликт помеѓу две вонземски сили. Заедно со електрична трансформер кутија Бобот, храбра девојка и ексцентричен научник тој мора да го спаси светот од глобална катастрофа. Бобот го има решението за спас на светот. Додека ги раскажува приказните за храброста, Влад ќе открие дека да се надмине стравот е прилично голем предизвик.

Филмот има освоено неколку награди, меѓу кои и за специјални визуелни ефекти.

„Џифони филмски денови“ привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. По секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.