LICENTIA POETICA-Радован Влаховиќ -Под крилото на ластовицата…пред невремето… да ја спаси песната

1027

Писателот Радован Влаховиќ роден е на 21 март 1958 година во Нови Бечеј, Р. Србија.  Се школувал  во Ново Милошево, во Нов Бечеј и во Кикинда. Студирал југословенска и светска книжевност во Нови Сад.

Автор е на 41 книга. Пишува романи, кратки раскази, песни и есеи. Преведуван е на англиски, руски, германски, унгарски, словачки, македонски и словенечки јазик.

Добитник е на повеќе награди за книжевната работа и за придонес во културата. Член е на Друштвото на писатели на Војводина, Здружението на писатели на Србија, Здружението на писатели Еxil-PEN, на секцијата за гермнанско говорно подрачје и на Матица српска.

Основач е и директор на првиот приватен културен центар во Србија-Банатски културен центар во Ново Милошево кој во 2016 година одбележа 10 години постоење, а 30 години од основањето на Културниот двор на Радован Влаховиќ кој е предок на Банатскиот културен центар.

Влаховиќ како уредник во издавачката дејност на овој центар потпишал преку 300 наслови во областа на книжевноста, науката и уметноста на повеќе јазици. Основач е на повеќе традиционални манифеставии кои ги органзира Банатскиот културен центар, како што сеПролет на Симо Цуциќ, Денови на Теодор Павливиќ, Европски Фејзбук пеоетски фестивал, Фестивал на илсутрации на книги BookILL Fest, Слово љубве на Арач (претходно Сија книга на Мајка Ангелина во Сечањ и во Крушедол), Поетска република, Фестивал на уметничко творештво на лица со пречки во развојот и со инвалидитет Сончев ден. Низ овие манифестации учествувале неколку илјади учесници од триесетина држави.

Избор поезија од Радован Влаховиќ

Книга – „Вечерен акт во моминската соба на Ленка Дунѓерски“ (наскоро препев на макеоднски од поетот Филип Димкоски)

Музика си

Музика си

Што доаѓа оддалеку

И го бои

Го  засинува просторот

Околу мене

Танка, истанчена

Нежна линија

Што го дели

Го воздигнува

И го врзува

Мојот живот

Спојка

Меѓу сонот и јавето

Денот и ноќта

Сонцето и месечината

Уметноста и животот

Не ја кријам радоста

Жив сум

И среќен што те запознавам

Секој ден сѐ повеќе

Милена.

 

А пред дождот

 А пред дождот

Мачно е

Каде со себе

Ако веќе се мора

Меѓу грoмовите

Ја ловам тишината

Се огледувам во навевите од ветрот

Се слекувам

Играм стриптиз

Духовен

Пред Бога

И пред тебе

Крцкам ореви

Плукам преку ограда

Рими

Ги доближувам очите

До смоквиниот лист

Пеам

Се спротивставувам

Како ноќна дама

Итам како невнимателен овен

На јарош во Банат

Претрчувам метафори

Греблам по римите

Чепкам низ строфите

Го кршам јајцето

На златната кокошка

Со чуваркуќата

Го подобрувам видот

Со козјо млеко

И со Псалмите Давидови

И сребрената месечина

И треперам

Низ невремето

Треперам

Милена

Се кријам

Како пеперутка

Под крилото на ластовицата

Го повигувам

Бога

Пред невремето

Да ја спаси песната

И она од другата страна

Што ми се појавува

Како да си ти

Со виножито

Го обвивам челото

И пеам

Пеам

Верувајќи

Дека Бог

Ја слуша песната

И тој е љубовник

На вечноста

Милена.

 

А народот…

 А народот

Доаѓаше во мојата пештера

Велеа

Тука живее тој

Тоа е планина

На неговите духови

Одеднаш

Народот од мене

Направи чудо

Поверува во тоа

Скитник е

Магионичар

Светец

Или некој тажен лик

И луѓето со милји бегаа

Од мојата планина

Која уште ја нарекуваа

Планина на тажните очи

На твоите очи

Милена.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.