Вечерва изведба на балетската претстава „Шехерезада“

707

Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава  работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, вечрва на сцената на Македонската опера и балет.

Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија. Музиката е на Николај Римски Корсаков.

Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.

Вечерва (24)април од 20 часот МОБ!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.