„Литера“ 2020 – Приказните и бајките потребен формат во растењето на децата

241

Второто издание на фестивалот Литера беше затворено вчеравечер  со доделување на наградите  за најдобра детска книга и најдобро илустрирано дело . Главната награда ја доби сликовницата “Бел“ оа текст од  Ника Гавровска и
илустрации на Ристо Аврамовски за најдобро илустрираното дело во изминатата година.  

Три награди фестивалот додели за најдобри сликовници или книги за деца, вреднувајќи го текстот во делата. На конкурсот учествуваа нешто помалку од 30 изданија.  За најдобра сликовница за предучилишна возраст е прогласена „Ежето
Снеже“ од Неше Рамовиќ, а илустрации на Иванка Ниба. Во категоријата литература за деца од 6 до 13 години, за најдобра книга е прогласена „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска (илустрации на Калиопи
Трпчева) , а во категоријата книги за млади – наградена е авторката Билјана С.Црвенковска за „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ со илустрации на Нита Муча, како книга- нопак (книга што се чита одзади) издание на „Чудна шума“.

На затварањето и претходеа работилници и изложби на кои главна тема беше влинаието на сликовниците ,во развојот на децата.

На децата не треба да им создаваме искривен свет, не е сѐ „си живееја среќно до крајот на животот“ изатоа што преку книгата може да се отворат и многу табу теми. Можеме многу непријатни работи да кажеме преку приказна. Не смееме да им создаваме илузии на децата. Детето треба од најмала возраст да се соочува и со убавото и со грдото. И Андерсен го направи тоа и на некој начин ги коригираше некои моменти од Грим. Но, тие ги напишаа тие приказни и тие се од колективната меморија. Треба да бидеме отворени, искрени кон децата и да не ги потценуваме, зашто ако ги штитиме премногу  им правиме лошо – рече проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска на дебатата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“, што се одржа во Europe House Skopje, во рамките на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.

Интересни прашања за местото на книгата и нејзиното значење во развојот на децата, какви илустрации сакаат децата, колку книгата може да помогне во надминување проблеми, каква е состојбата со македонската книга за деца – ова се дел од прашањата на кои, освен Мојсова-Чепишевска, разговараа и проф.д-р Владимир Мартиновски, психологот Христина Стефановска и Искра Димковска од издачката куќа „Сказнувалка“.

Психологот Стефановска истакна дека книгата многу помага во надминување на проблеми на децата, влијае врз критичкиот ум на детето, врз имагинацијата.

-Книгата стимулира добар речник, добар фонд на зборови, го стимулира центарот за говор. Ако постои синоним за орална хигиена-четката за заби, книгата е синоним за ментална хигиена, и кај возраасните, но кај децата особено. Наскоро треба да излезат четири мои книги интерактивен психолошки прирачник. Токму во едната книга зборувам за загубата, за смртта. Најприфатлив начин за детето да се сретне со неа е баш преку книгата, како на советувањата, така и на дебатите, треба да создаваме психологшки имунитет, да не ги ставаме децата во стаклено ѕвоно. Не постојат само приказни со среќен крај, тие се среќаваат со такви приказни во реалноста, раскинати другарства, во ситуации во кои биле мета на насилство однесување, дали вербално или физичко. Растењето не е лесно. Книгата е таа што многу лесно може да му покаже, дека на многу деца им се случува истото низ кое поминува детето. Тогаш детето се охрабрува– вели Стефановска.

Таа е категорична дека родителите не треба да ги модификуваат приказните, а децата треба и во секојдневието да ги оставиме да грешат.

Учесниците на дебатата се согласија дека литературата за деца бележи видливо придвижување во однос на квалитетот, но и квантитетот. Да се воведе посериозно уметничко образование во средното училиште, како и да се обрне поголемо внимание на литературата за млади, каде имаме најмалку наслови. Треба да контролираме колку всушност технологијата ќе има место во секојдневието на децата. Кога родителот ужива во книгата што ја чита и тоа задоволство го пренесува на детето. Начинот на кој го прави тоа, го фасцинира детето. Затоа Приказните и бајките потребен формат во растењето на децата!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.