ОНЛАЈН ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КАСЕЛАТА ЗА СОНОТ МАКЕДОНСКИ“ ОД СНЕЖАНА АЛЕКСИЌ СТАНОЈЛОВИЌ

522

Во петокот нa 16.октомври, се одржа онлајн настан-претставување на поетската книга „Каселата за сонот македонски“ од поетесата Снежана Алексиќ Станојловиќ од Србија.

Настанот беше еалзиран преку платформата Zoom а настанот во живо беше  емитуван и на социјалната мрежа Фејсбук.

За книгата говореа рецензентите Весна Мундишевска Велјановска, Милица Радевска и Филип Димкоски, а авторката на свој оригинален начин ја претстави сосптвената поезија. Во музичкиот дел настапи инструменталистот и професор Тимко Чичаковски со изведба на традиционалниот инструмент канон.

Организатор на настанот беше Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, од каде со оглед на ситуацијата со Ковид 19, одлучија дел од настаните наместо со физичко присуство, да ги реализираат од далечина.

Книгата „Каселата за сонот македонски“ од Снежана Алексиќ Станојловиќ минатата година од страна на Битолскиот книжевен круг, беше избрана за најдобра книга од странски автор напишана на македонски јазик.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.