Д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“

128

рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бира прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
За нивниот творечки и животен пат зборуваше м-р Димитар Смилески а за содржината и пораките од стихозбирката „Зелената месечина во очите на мајка ми “ од д-р Целакоски се осврна писателот Смиле Наумоски – Брсјак.
оведна реч во чест на празникот одржа директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски а прв јавен настап имаше новиот детски хор „Бамбино“ под раководство на Снежана Караџовска – Попова од Охрид.
Признанието за прогласување за почесен член, во отсуство на Д-р Целакоски го примија членови на неговото семејство.
Тој е истакнат и реномиран професор од Охрид кој својот работен век го помина како професор на ФТУ “Свети Климент Охридски”, а автор е на повеќе значајни книги.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.