Летен саем на книгата на „Гевгелиско културно лето“

24

Продолжуваат активностите од програмата за „Гевгелиско културно лето“. Денеска, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, „Гевгелиско културно лето“, продолжува
со Концертот на дуото Влатко Сапламаев и Кико Раденов, со изведба на домашна и странска музика.
Концерот ќе биде одржан на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20 часот.
Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во склоп на активностите за „Гевгелиско културно
лето“, од утре (6 јули, 2022 година) Гевгелија ќе биде домаќин на
четиридневен Летен саем на книга. На штандовите со свои изданија кои ќе бидат изложени под јаворот на Библиотеката, ќе учествуваат издавачките куќи „Три“, „Паблишер“ и „Полица“. Летниот саем на книги во Гевгелија ќе заврши на 9 јули, 2022 година. Градската библиотетка „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува љубителите на книги да ги посетат штандовите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.