Поезија од Стефан Марковски во меѓународна антологија на шпански јазик

184

Песни од Стефан Марковски беа вклучени во антологискиот избор на шпански јазик Tránsito de voces poéticas или Премин на поетските гласови во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Página.
Во антологијата од меѓународен карактер е застапена поезија од поетски имиња кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955-та и 1994 година од: Полска, Чешка, Романија, Србија, Јапонија, Сирија, Ирак, Ј. Кореа, Кина, Индија, Непал и Тајван.

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата како импулс на бунтот во воените контексти, природата како причинител на сеќавањата и симбол на деавтоматизацијата среде урбаната монотонија, празнината на секојдневието… мотиви кои во корен се накалемуваат на минливоста, а кои секој од застапените поети ги доближува до читателите преку сопствениот глас, искуства и афекции, движејќи го оној воз без крајна одредница наречен срце” се вели во предговорот кон антологијата.

Препевите на застапените песни беа направени од венецуелската поетеса Мариела Кордеро.

Антологијата е достапна на сајтот на Revista Primera Página: https://primerapaginarevista.com/antologia-internacional/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.