Претставите на МНТ продолжуваат да нижат награди!

160

Марјан Неќак е добитник на Специјалната награда на градот Крагуевац на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест” за извонреден музички концепт во претставата „Само глас” во продукција на МНТ. Она што жиито на овој фестивал го воодушевува е: „музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста. Ова е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на глумецот и на текстот и на режијата и на сценографијата и на филмот. Доминантен партнер.”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.