Почетна КУЛТУРА Литература Промоција на книгата „Виножитото зад душата“ од Милан Јазбец

Промоција на книгата „Виножитото зад душата“ од Милан Јазбец

„Зборовите се како чуда, само со нив мора да бидеш внимателен, умешен и нежен“ – Милан Јазбец

Писателот Милан Јазбец, кој е воедно актуелен амбасадор на Република Словенија во Република  Македонија, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – стариот и искусен словенечки дипломат, кој е наедно и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност. Или, како што ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман: „Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi – пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда…“

„Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта. Роман кој дури ќе посакате да го прочитате по втор пат.

 

 

metropolis-big