24. 11. 1859- Излегло Дарвиновото прво издание на „За потеклото на видовите „ и било распродадено за еден ден

1339

Книгата За потеклото на видовите од Чарлс Дарвин, за прв пат објавена во 1859 година, е зачетник во научната литература и во еволутивна биологија. Оригиналното име на книгата било За потеклото на видовите преку природна селекција, или зачувување на подобрите раси во борбата за живот, а за шестото издание во 1872 насловот бил скратен само на Потеклото на видовите. Таа ја претставила пред јавноста теоријата дека биолошките популации еволуираат со текот на генерациите низ процес на природна селекција. Книгата на Дарвин била резултат на доказите кои ги собрал во текот на второто патување на бродот „Бигл“ во 1830-тите и ги проширил преку дополнителни истражувања и експерименти по враќањето.

Книгата е читлива и за лаици и поради тоа предизвикала голем интерес во јавноста. Кога била издадена, таа била контроверзна со религиозните верувања за потеклото на животот, и поради тоа предизвикала многу дискусии на научна, филозофска и религиозна основа. Научната теорија за еволуцијата и самата еволуирала од првобитнто објавување од Дарвин, но до денес природната селекција е широко прифатен научен модел за настанокот на видовите. И покрај широкиот научен консензус, во некои земји и денес постојат огорчени противници на Дарвиновата теорија.

Чарлс Роберт Дарвин (роден на 12 февруари 1809- 19 април 1882  е англиски природонаучник кој го сфатил и презентирал несовладливиот доказ дека сите живи видови еволуираат од заеднички предок, преку процесот кој тој го нарекол природна селекција. Фактот дека еволуцијата настанува , е прифатен од страна на научната заедница  и поголем дел од народот за време на неговото живеење, додека неговата теорија на природна селекција доаѓа до таа точка да биде широко прифатена како основно образложение на процесот на еволуција во 1930-ите, и сега ги формира основите на модерната евлуциона теорија. Во модифицирана форма, Дарвиновото научно откритије е изедначувачка теорија на животните науки, овозможувајќи логично објаснување на разновидноста на животот.

Почетниот интерес за природата го натерал Дарвин да го запостави своето медицинско образование на Единбуршкиот Универзитет, и наместо тоа тој помагал при истражувањето на морските без рбетници. Неговата страст кон природните науки била охрабрена од студиите на Универзитетот на Кембриџ. Петгодишното патување со „Бигл“ го потврдил неговиот статус како еминентен геолог чии набљудувања и теории ги поддржувале униформитарианистичките идеи на Чарлс Лајел, а објавувањето на дневникот што го водел на неговото патување го прославил како автор.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.