Почетна КУЛТУРА Театар “Локомотива” со богата уметничка понуда од 20 до 23 април 2023 година

“Локомотива” со богата уметничка понуда од 20 до 23 април 2023 година

Како работиме во (независната) сцена на изведувачки уметности?
Средба на француската организација ONDA  Скопје 20-23.4.2023
“Локомотива” во соработка со ОНДА, организира и курира програма што вклучува изведби, разговори со уметници, дискусии и средби со цел да ја запознае македонската современа изведувачка уметност со 25 куратор(к)и од различни театри и фестивали во Франција.
Француските куратор(к)и ќе имаат можност да се сретнат со уметниците и да разговараат за актуелните изведби, процесите на развој на идеите, но и со пошироката сцена на теми поврзани со работните услови, политиките и политиката во кои тие работат на локално и на меѓународно ниво, како се организирани просторите за изведувачки уметности, продукциските капацитети, дистрибуцијата на перформансите во земјава и на меѓународно ниво, а Локомотива ќе го отвори и прашањето- дали ни треба институција за современи изведувачки уметности?
За време на средбата во Скопје ќе бидат претставени следниве перформанси:
20.4.2023 (четврток) 21:00 МКЦ
 „ГЛУМиЦИ“ – Артопија
21.4.2023 (петок) 15:00 Public Room
„Срам”  – [ПРВО ПА ЖЕНСКО Festival/Tiiiit.Inc]
21.4.2023 (петок) 19:00 МКЦ
„Ми треба ново тело”  – Локомотива
23.4.2023 (сабота) 11:00 МКЦ
 „Процес” [Process] интерактивен театарски перформанс – MI FILM & THEATRE
 Билетите се достапни на www.bileti.mkc.mk за настаните во МКЦ, а за „Срам“ билетите се достапни на врата во Public Room.
metropolis-big