7-10 ЈУНИ 2023: Оффест сепак ќе се одржи!

32
Скопје,16 април 2023
-Mинистерството за култура изврши корекција на доделените средства за OFFest. Исправени пред дилемата – дали да опстоиме на веќе донесената и објавена тешка одлука за откажување на фестивалот или да вложиме огромни напори во мошне краток временски рок да подготвиме програма што ќе биде на нивото на досегашната фестивалска традиција, решивме, сепак, да им удоволиме на желбите на нашите поддржувачи и да го одржиме 22. OFFest. Наскоро детали околу програмата, потврди организаторот, “Скопски џез фестивал”, кој на 15 февруари го имаше откажано фестивалот Оффест.
Засега е објавен само годинашниов постер, изработен од Зоран Кардула.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.