М-р Милчо Јованоски ја прими наградата „Библиотека на годината за 2022“

24

На пригодна свеченост во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, претседателката на Библиотекарското здружение на Македонија, на 7 декември 2022 година, д-р Јана Михајловска вчера на директорт на НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски му ја врачи наградата „Библиотека на годината за 2022“ во категоријата национални установи.

Во категоријата основни училишта наградата ја доби Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го доби Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски.
Д-р Наде Караџоска од Библиотеката „Борка Талески“ од Прилеп е добитник на наградата “Климентова повелба за животно дело”.
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со пригодна свеченост беше прославен патрониот и државен празник – Свети Климент Охридски и се одбележа 50-годишнината од пуштањето во употреба на објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, проектантско дело на еминентниот македонски архитект Петар Муличкоски (2.3.1929 – 8.8.2022).
На свеченото одбележување присуствуваше заменик министерот за култура г. Даим Лучи, како и претставници на дипломатскиот кор.
Поздравен говор до присутните имаше директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Рахметула Куќи. Проф. д-р Митко Панов имаше беседа за Св. Климент Охридски, потоа проф. д-р Минас Бакалчев имаше реч за објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“, а Бојана Муличкоска од име на семејството зборуваше за својот дедо проф. Петар Муличкоски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.