МНТ го слави својот 79. роденден

5

26.03.2024

Овогодишниот 79. роденден на МНТ ќе биде хуманитарно одбележен. Низ сите години на постоење, оваа институција секогаш била тука за публиката. Тоа продолжува и денес со изведбите на претставите „Силјан Штркот шанца“ и „Сите сме птици“ – кои во таа чест ќе бидат одиграни на 3 април. Средствата од продадените билети за овие претстави ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид Индов. Истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена документарна изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес. Изложбата е отворена за публиката.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.