На 23 ноември во Кинотека, италијански документарен филм “Фред” и бесплатен концерт

42

На 23 ноември (вторник), со почеток во 20 часот, во Кинотеката ќе биде прикажан италијанскиот документарен филм Фред (Fred / 2021, 60 мин., колор, ДЦП).Настанот е организиран од Амбасадата на Република Италија и Кинотеката на Македонија, и е посветен на стогодишнината од раѓањето на Фердинандо Фред Бускаљоне (Ferdinando “Fred” Buscaglione, 23 ноември 1921 – 3 февруари 1960), италијански музичар, пејач и поли-инструменталист, кој бил популарен во доцните педесетти години од минатиот век.

Неговиот прв сингл во 1955 година бил продаден во еден милион копии. Во неговите песни и во филмовите во кои настапувал, Фред бил персонификација на комичен гангстер склон на доброто виски и убавите жени. Неговите улоги биле инспирирани од филмовите со Кларк Гебл (Clark Gable) и романескните јунаци на „палп фикшн“ писателот Мики Спилејн (Mickey Spillane).

Филмовите со кои оставил трага пред прераната смрт во сообраќајна несреќа во близина на Рим се: Каква женска! (Che bambola/ Whatta babe!), Тереза, не пукај (Teresa non sparare/ Theresa, don’t shoot!),Ти беше малечок (Eri piccola così/ You were small like that), Гледај каква убава Месечина  (Guarda che luna/ Look, What A (beautiful) Moon), Љубов во Портофино (Love in Portofino/Porfirio Villarosa; карикатурален приказ на светски популарниот плејбој и автомобилски тркач Порфирио Рубироза /Porfirio Rubirosa), Лесно виски (Whisky facile/ Easy Whiskey)…

По проекцијата на филмот следи трибјут концерт на бендот Nyx, инспириран од музиката на Фред  Бускаљоне. Членови на Nyx се Слободан Танасковски (вокал, флејта и пијано)Дарко Јованов (акустична гитара) и Кристијан Тодоров (тапани) / Slobodan Tanaskovski (vocal, flute and piano)Darko Jovanov (acoustic guitar)Kristijan Todorov (drums and percussion).

Проекцијата на филмот и концертот ќе се одржат со запазување на здравствените протоколи.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.