На овој ден е родена Оливера Николова

14

На овој ден, пред 88 години, во Скопје е родена Оливера Николова, раскажувачка, романсиерка и драмска писателка. Позната како „мајка на сите македонски писателки“ и „мајката на Зоки Поки“, работела како драматург- уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје.

Има објавено десет романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и други, како и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри. За својата работа има освоено многубројни награди, а оваа година ѝ беше доделен и Орден за заслуги.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.