По повод верскиот празник Василица на 12. и 13. јануари со почеток во 20 часот во Национална опера и балет ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт, кој секоја година привлекува внимание.
За да се одбележи традицијата на Василица, 13- јануари, кога се крши лепче со паричка, публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а кому ќе му се падне паричката ќе добие ваучер гратис билети за целата сезона на Националната опера и балет.
Концертот е востановен во 1995 година и низ годините потоа, стана мошне популарен и еден од најпосетените настани кај нас.
Оваа година публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите.Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други.
Ќе диригира Клод Лапалм од Канада, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев ќе настапат врвни оперски солисти: Весна Гиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет.
Концерт- мајстор е Јане Бакевски, хор- мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова.
На Василичарскиот концерт повторно паричката ќе донесе некому гратис билет за цела сезона!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.