Најава на промоција- „Приказна за човекот што ги прекрши сите ветувања“ од Илија Каров

1225
На 18.април (четврток) со почеток од 19 часот на Булеварот на книгите (Климент Охридски бр.23) ќе биде промовиран  деби-романот на Илија Каров „Приказната за човекот што ги прекрши сите ветувања“.
Илија Каров, по професија е режисер и сценарист, но ова прво литературно дело веќе го назначува како автор во областа на литературата-романистиката.
Каров во своето дело се втурнува во животната приказна за Бојан, или поточно речено, научниот експеримент „Адам 01“, кој на  прв план ги поставува незгодните суштествени прашања: која е вистинската одлука кога човекот влегува во божјиот ресор и е создател на една нова, чиста и супериорна форма на живот – и што да прави кога тој „над-човек“ воедно се претвора во блудниот син што престанува да ги следи изричитите наредби на својот „татко “ и тргнува по свој сопствен пат на
себеспознание?
Во прекрасно излеано темпо, авторот го претставува влијанието што опасниот и навидум грд надворешен свет го има врз Бојан. Неговата потрага по одговори, исклучителна наивност и чисто срце, го одведуваат на едно осознавачко патешествие низ прекрасно опишаните предели на Скопје – кадешто тој ја сретнува својата прва искрена љубовно во исто време ја вкусува горчината на измамата и предавството…

И пред да биде промовирано пред пошироката јавност, делото е по се изгледа длабоко психолошка опишана драма, која се втурнала во непознатите за мноумина од нас, делови на опстојувањето и постоењето.

Четврток, 18. април, Клуб Матица од 19 часот!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.