Кралство на друштвените игри во Волонтерски центар Скопје

1555

Уште една убава акција за младите . На 18-ти Април во просториите на Волонтерски Центар Скопје, во 18:00 часот не заборавајте да појдете и да однесете  пријатели! Во Волонтерскиот центар ветуваат одлична забава!

Ќе имате можност да играте друштвени игри како: семеен бизнис, монопол, суперхирн, ризик, игри со карти, сложувалки, и групен шампионат во играта „Градови, реки и езера“, на Англиски јазик. Имате  простор, игри, добра забава, волонтери од целиот свет и одлична можност да си поминете убаво со вашите пријатели, да запознаете нови луѓе, или да научите нешто ново. Што се очекува од вас? Посетеност, насмевки, интеракција и добра забава!

Немојте да го пропуштите овој настан, ако сте млади и ако сакате друштво, забава и нови пријателства.

Во Волонтерскиот центар има млади од целиот свет, па затоа Поканата е и на англиски која во целост ја пренесуваме !

Board games Kingdom!
We give you a space, games, good vibes, volunteers from all around the world and a great opportunity to spend some time with friends, or meet new people, learn something. What we expect? Attendance, smiles, interaction, and good fun!
So, we’ll see you the 18th of April at Volunteers Centre Skopje, 18:00. Don’t forget to bring your friends, promise you gonna love it. We will have family business, monopoly, superHirn, Risk, card games, puzzles and a group-championship of the “city, countries, river” game – in English! You can’t miss that!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.