Нова книга песни за деца „Дувни, дувни, ветренце“ од Наум Попески

982

„Дувни, дувни ветренце“ е насловена најновата книга песни за деца од Наум Попески, објавена од „Бата прес“ од Скопје.

Стихозбирката содржи околу 90 песни на различни теми за игра и забава на најмалите и е наменета, пред сè, за деца од предучилишна возраст.

Попески досега има објавено повеќе од 20 книги за деца. Познат е како автор на првиот „Бонтон за деца на македонски јазик“. Неодамна излезе и неговата книга „Македонска азбука во стихови“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.