„Бранови и мисли“ – изложба на слики од Наташа Попоска Карче

1374

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вчеравечер беше отворена самотојната изложба на слики под наслов „Бранови и мисли“ од Наташа Попоска Карче.

Изложбата која е сместена во предворјето на црквата„Света Софија“ , содржи 20-тина слики на авторката која во уметничкиот свет е од 2013-та година и  во кој длабоко , помеѓу четката и платното пубиката може да следиме сенки, да го допре дното, да ја чуе тајната на езерото…

Д-р Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создавајќи реални но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот.

Во август 2016 година, ја има својата прва самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус, а во јули 2017 година а има  учествувано и на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.