Нова книга: „Заштита на историскиот град Пекинг: клучни термини“

55


Скопје, 06.11.2023

„Македоника литера“ деновиве ја публикуваше книгата „Заштита на историскиот град Пекинг: клучни термини“, во превод од англиски на македонски јазик на Славчо Пеев.

Оваа книга содржи 110 клучни концепти за заштитата на историскиот град Пекинг, каде централно место има познатиот Забранет Град. Концептите се дефинирани од аспект на историјата, урбанистичкото планирање, системот за заштита и конзервацијата на ревитализираниот стар Пекинг, во кој се наоѓа најголемиот и најдобро зачуван владетелски комплекс од дрвени палати во светот.
Пекинг има историја од повеќе од 3000 години како град, а 870 години е главен град. Историскиот центар на Пекинг првпат бил изграден во 1386 год. од императорот Хонгву, во времето на династиите Минг и Ќинг, а во 1553 година бил проширен од императорот Ѓиаѓинг. Се состоел од правоаголен Надворешен Град и квадратестиот Внатрешен Град кој го опколувал Царскиот Град, кој пак за свој центар ги имал Забранетиот Град. Со вкупна површина од околу 63,8 квадратни километри, бил лоциран во денешен централен Пекинг. Внатрешниот град опфаќа вкупна површина од околу 36 квадратни километри. Надворешниот Град бил правоаголниот јужен дел од градот Пекинг во времето на династиите Минг и Ќинг, бил додаден за да се зацврстат безбедносните и одбранбените капацитети на градот и ги вклучувал Храмот на небото и Олтарот на богот на земјоделството, а има вкупна површина од околу 26,7 квадратни километри. Палатниот Град, денес Забранетиот Град во Пекинг, бил местото каде што се наоѓале палатите во династиите Минг и Ќинг. Сместен во централниот дел на Царскиот Град, бил изграден врз палатите од 1420 година. Палатниот Град се состои од обѕидана површина со градби внатре, опколена со окоп (реката Тонгѕи). Севкупно, зафаќа површина од околу еден квадратен километар.
Книгата содржи и мапи, поимник и куса хронологија на кинеската историја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.