НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид распиша конкурс на тема: „Среќа“

40

Во рамките на одбележувањето на  Месецот на книгата Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за поетски и прозни творби под наслов: „Среќа“.

На конкурсот може да учествуваат ученици од петто до деветто одделение од сите основни училишта од Охрид и Дебрца.

Учениците ќе треба да испратат по еден примерок  од создадената творба во плик под шифра, а со друг примерок ќе го докажат авторството.

Искуството покажува дека творбите можат да се собираат во училиштата од страна на нивните ментори, да бидат донесени во библиотеката или пак авторите  можат да ги достават лично во НУ Библиотека или по пошта со назнака за Конкурс на адреса: „Македонски просветители “2 

Конкурсот е отворен до 15 ноември 2023 година, а жирито од пристигнатите творби ќе избере по три најдобри во двете категории.

 Датумот на доделувањето на наградите ќе биде дополнително одреден.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.