Нова песна “Жал за Ефтина” 

66

Охридските рапери Бед Контракт, Багзи, Топал како и јутуберот Вик Какаротски снимија нова песна заедно со пионерите на македонскиот рап “Пука Козметика” од Скопје.

Насловот на песната е “Жал за ефтина”, велат тие, е инспирирана од поема на Роксан Казанова, а самата тематиката е остра осуда на жените кои за материјална корист (камењарки/ голддигерки) се спремни да си ја продадат душата и телото. Песната се снимаше во МВП студиото во Охрид, музиката е на “Пука Козметика” и Наум Доловски – Мечка кој го изработи и аранжманот, додека текстот е на сите споменати рапери.

Видео спотот се снимаше на неколку локации низ Охрид, реално беше предизвик кој се случи за еден ден снимање и неколку дена монтажа.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.