Објавена книгата „Мал историски калеидоскоп“ од Невен Радически

9

Скопје, 22.01.2024

„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата „Мал историски калеидоскоп“ од Невен Радически, која претставува збирка од седум текста и два историски документа. Во нив се обработу­ваат и се разгледуваат различни прашања и теми, претежно поврзани со македонското поблиско историско минато.
Невен Радически (1979) е доктор по историски науки и работи во Институтот за национална историја во Скопје, каде што и магистрирал. Се занимава со проучување на најновиот период од историјата на македонскиот народ, односно на периодот од создавањето на современата македонска држава до нејзиното осамостојување.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.