Објавена книгата “Метрички караван”

27

Излезе од печат поетската антологија „Метрички карван“ во издаваштво на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во
годинашното издание на збирката е застапена поезија на поети и поетеси од Гевгелија и Куманово. И, тоа на: Васил Тоциновски, Димитар Арнаудов, Жаклина Атанасова, Јосип Коцев, Катерина
Гогова, Лилјана Пецова- Илиевска, Моника Игевска Ризова, Олгица Ќурчиева, Пепи Стамков и Стефчо Стефанов од Гевгелија и Билјана Станковска, Бобан Богатиновски, Борис Митковски, Југослав Петровски, Маја Белева, Росица Митиќ, Санде Стојчевски и Сања Атанасова од Куманово.
Како што информираше директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, промоцијата на
„Метрички карван: Гевгелија – Куманово“ со поетското читање на
застапените поети и поетеси е закажана за 23 декември, 2022 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:30 часот. Промотор на поетската збирка ќе биде проф. д-р Маја
Јакимовска- Тошиќ. За музичката програма на промоцијата е
задолжена Теодора Гошева Капсарова- Теда.
Публикацијата „Метрички карван: Гевгелија – Куманово“ е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за
финанасирање на активностите од областа на културата за 2022 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.