Објавени членовите на жири комисиите на 10-тото издание на Македокс

662

На 10. „Македокс“ ќе бидат доделени награди во пет категории, и тоа: „Кромид“ за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ за најдобар филм од нов автор, „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм, „Кокарче“ за најдобар филм од Студентската програма и Наградата за филм со најдобри етички идеи.

За наградите одлучуваат пет комисии составени од 15 еминентни странски и домашни автори, кои денеска јавно ги објави Организаторот на овој Македокс 2019.

Наградите ќе бидат објавени и доделени на затворањето на 10. „Македокс“ на 28 август, во 20 часот, во Куршумли-ан. Јубилејното издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Македонија, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон (НЕД), Институт „Јунус Емре“, Музеј на Македонија , Археолошки музеј , Национална галерија, МНТ, Гете-институт, Француски институт во Скопје, Амбасада на Швајцарија во Македонија, Италијанска амбасада во Скопје, Амбасада на Република Чешка во Скопје, Чешки центар Софија, Град Скопје, Амбасада на Република Словенија и Current Time TV.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.